Saturday, June 21, 2014
Ќе дојде време
Ќе дојде време кога јас ќе се смеам а ти ќе плачеш, кога јас ќе станам а ти ќе паднеш, кога јас ќе станам нешто во животот а ти ќе бидеш никој и ништо. Ќе дојде време кога јас ќе бидам на врвот а ти ќе скапуваш на дното, кога јас ќе бидам пошитувана а ти ќе бидеш газен/а, кога јас ќе ти заповедам а ти ќе ги вршиш наредбите. Ќе дојде време кога јас ќе ти го правам она што сега ти ми го правиш на мене.
И еве дојде и новата година...кога секој беше со својот љубен таа ги гледаше од далеку и сонуваше дека еден ден таа ќе ја дочека новата година во неговите прегратки но тоа беше само пуст сон...таа беше жена која што со секој пораз учеше да го живее животот...Таа беше храбра жена што по секоја измината ноќ која ја поминуваше во плачење успеваше наутро да возвивне да се насмее и да речe 'судбината на човекот може да се смени за миг белким ќе се промени и мојата' таа обична жена која мечтаеше да донесе мир во светот еден ден свати дека бог неја ја избрал и дека таа е доведена на овој свет за да докаже многу работи за кои што самите луге не се свесни дека постојат...во 00:00 пред полноќ кога сите се гушкаа со своите пријатели,роднини или најблиски таа замиже и си рече 'јас..јас оваа најобична жена можеби неможам да владеам со светот и да воведувам мир но затоа е бог со нас тоа што јас неможам а сакам да го направам ќе го направи бог замене а се што е во што можам јас да направам нема да оставам да потоне во вода' таа живееше со надеж дека еден ден ќе стане судија и ќе дава мир на луѓето што бараат помош од неа....таа со оглед на тоа колко беше повредена и тажна ниту еден ден не го покажа тоа. докажа дека е храбра и со надеж еден ден сето тоа да помине...Таа на своите родители еден ден им рече 'ви се колнам дека сите тие зборови што ги кажувавте замене и ќе продолжете ќе ве натерам да ги заборавите и да се каете што сте ги и проговориле бидејки ќе ве направам најгордите родители и ќе докаж дека се што лете не се јаде и се што се зборува не е точно....Да и таа обична жена е решена тоа да го направи без оглед на последиците и во случај сите да се одкажат од неа таа ќе продолжи да го прави тоа се додека не дојде до целта и кога ќе ја прашат како успеваш се сама во оваа таа само ќе ја подигне главата и ќе рече 'кој рече дека сум сама,бог е со мене тоа ми ја дава најголемата подршка' да тоа е само еден мал дел од нејзиниот живот ....таа беше одлучна да напише книга за својот живот како и зошто стигна тамо кај што ќе дознаете кога ќе ја прочитате книгата ...а да пред да замине рече 'ЦЕНЕТЕ СЕ И ПОЧИТУВАЈТЕ СЕ БЕЗ РАЗЛИКА НА СЕ ЖИВОТОТ Е ЕДЕН А СВЕТОТ МАЛ НЕЗНАЕТЕ ШТО МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ УТРЕ ЗАТОА НАПРАВЕТЕ ГО ДЕНОТ КАКО ДА Е ПОСЛЕДЕН ЛУБЕТЕ БЕЗ ОГЛЕД НА СЕ И ПРАВЕТЕ ДОБРО ЗОШТО БОГ ГЛЕДА И ПАМТИ' таа се заврте ја дигна главата и замина.
Не се откажувај
Те згазиле? Стани..
Не можеш? Труди се..
Солзи? Избриши ги..
Боли? Трпи..
Како? Некако..
Не можеш? Труди се..
Солзи? Избриши ги..
Боли? Трпи..
Како? Некако..
Понекогаш сум уморна од се...од вчера,од денес,од утре...од тагата,од љубовта,од малите желби,од големите соништа...од сеќавањата,од надежите,а најмногу од чекањето...Уморна сум од оние кои ме сакаат,а секогаш ми го докажуваат спротивното!Издадена од оние кои најмногу се колнеа во верност,а ги погазија сите клетви!Бидејќи знам да простувам им плајќам со солзи или пак со вештачки нацртана насмевка...И сето тоа го правам заради мир и среќа...Не сечете ми ги крилата!!Јас сепак знам да летам и тоа на оние места каде што најтешко се лета-низ реалноста!!!Но сепак чекам и ќе чекам и покрај тоа што некој рекол дека онај кој чека губи време...A моето време допрва доаѓа!!!
Тебе ти припаѓам
Кога првпат те погледнав, знаев дека сакам да поминеме цел живот заедно. Далечината нема да ги промени моите чувства зашто засекогаш ќе те љубам. Ти ветувам; еден ден ќе бидеме заедно-тогаш што ќе ни стои на патот? Дотогаш, времето за мене ќе запре, се до нашата повторна средба. Јас ќе те чекам. Ќе чекам зашто еднаш ти ја допре оваа душа. Зашто ми покажа како се сака. Ти беше тој што ги разбуди заспаните желби на моето срце. Покрај тебе сакам да го видам светот. Или тој да ме види покрај тебе. На сите да им кажам дека си мој, дека си оној кого го љуби мојата душа. Само на тебе ти припаѓам.
Среќна сум,кога никој не ја знае мојата слабост ниту пак мојата причина за среќа.Но јас сепак ке ти ја кажам на тебе,Бидејки ти си со мене секогаш.Ме разбираш.Никогаш не ме напушташ.Но Боже биди малку поблаг.Дај ми некаков знак за да знам дека и тој ме сака.Знам,не смеам тоа да го барам.Одамна заборавив да го посакувам тоа,но некои настани пак ме враќаат.Но јас ниту еднаш не се свртив назад.Ох,Боже ти ме разбираш.Разбираш зошто не му дозволувам.Разбери ме,мене ми е доволно само да го сакам.А тој? Тој само нека ужива.Ако ни е судено ке се сретниме некогаш.Ама нема да дозволам никој да ми застане на пат.Ниту пак да ми забрани да го сакам.Ох Боже.Го сакам и среќна сум како никогаш досега.Ако ме сака,нека се потруди повеке,не можам да му дозволам ако не сум сигурна дека сакам да влезе во мојот живот повторно.Ох Боже,никогаш не сум била во толку голема дилема.Ама среќна сум и без него.
Срцето што носи омраза, не умее да прими, ни пак да даде љубов!
Учителката побарала од учениците да донесат во вреќичка по неколку компири, и на секој компир да го напишат името на човекот што го мразат и презираат. Кога децата тоа го направиле, учителката им дала и друга задача, односно таа вреќичка со компири да ја носат постојано со себе, каде и да одат, две седмици.
Учениците тоа и го сториле. Меѓутоа веќе после некој ден почнала да се шири непријатна миризба од вреќичката бидејќи компирите почнале да се расипуваат. Колку повеќе време поминувало, толку мирисот станувал понеподнослив. Кога ја завршиле задачата, учителката ги запрашала учениците како се чувствувале додека ја носеле вреќичката со компири. Децата почнале да се жалат како им сметала, за некои од нив била претешка, а на сите им пречел непријатниот мирис кој се ширел од мувлосаните компири.
Тогаш учителката им го кажала следното:
Како што вие се чувствувавте за време на задачата, исто така се чувствува и вашето срце спрема луѓето што ги мразите. Во вашето срце секогаш ќе има тежина, секогаш нешто ќе ви тежи и ќе ви создава немир, од вашите срца ќе блика омраза и непријателство исто како што смрдеата се ширеше од вреќичката со расипани компири. Ако не сте во состојба две седмици да ја носите вреќата со трули компири, замислете како им е на оние луѓе кои цел живот во своите срца носат омраза и злоба? Во тоа срце исполнето со лоши емоции, едноставно никогаш ќе нема место за љубов. Тоа се луѓето со празен живот…Никогаш не дозволувајте вашето срце да се претвори во вреќа мувлосани компири. Тоа срце никогаш нема да биде среќно…Тоа срце не умее ни да даде, ни да прими љубов, тоа срце е камено.
Заљубена...
Во него се заљубувам како да е тазе отворена чоколада. Цела, со сите коцки.
Се заљубувам секогаш кога ќе се насмевне. Кога ќе ме погледне. Кога ќе молчи како да е моето најпаметно момче. Како да е мојата совршеност. Луда сум. Но, и заљубена, па што?
Се заљубувам секогаш кога ќе се насмевне. Кога ќе ме погледне. Кога ќе молчи како да е моето најпаметно момче. Како да е мојата совршеност. Луда сум. Но, и заљубена, па што?
Вистината за другарството
Другарки? Тоа е само еден обичен збор кој многу од нас го употребуваат и мислат дека ако имаат повеќе “другари“ дека постигнале нешто во животот. Но тоа воопшто не е важно. Важно е да имаш барем една другарка која знаеш дека никогаш нема да те излаже, изневери или заборави до крајот на животот. Ако посакаш да имаш многу “другарки“, на крајот само ќе се пазочараш од постапките на истите. Секогаш барај ја онаа вистинската личност која без разлика на се ќе те разбере, сослуша и ќе ти помогне и во добро и во зло. Барај ја онаа вистинската која ќе ти помага во остварувањето на зацртаните цели во животот. Другарката треба да е до тебе кога ти е тешко, кога те е смачено од се, кога сакаш нешто да споделиш со некого, а притоа не сакаш за тоа да дознаат сите. Другарката секогаш треба да биде искрена со тебе и да знае да чува тајни. Треба да знае да те почитува и сака онаква каква што си. Но да не се заборава само едно дека: ако знае да те прави среќна и да чува тајни, не е важно која вероисповед, раса, боја... е сепак треба да се цени и почитува како другарка. Без разлика на изгледот или карактерот таа ако знае да се однесува онака како што треба, таа ќе биде твоја верна другарка. Оние другарки кои се однесуваат кон тебе како да си последниот човек во нивниот живот и нивни најголем непријател, тие не се твои другарки. Тие гледаат само да те искористат на најдобар начин и да те фрлат како корпа полна со отпадоци. Тие ќе глумат дека им значиш и дека те сакаат, но тие ти го посакуваат само најлошото и ве озборуваат зад грб. Искреността и довербата се најзначајни нешта како и во животот така и во другарството. Биди секогаш тука за оној на кој му значиш и знаеш дека ти го посакува само најдоброто.
Subscribe to:
Posts (Atom)