Saturday, June 21, 2014

Тебе ти припаѓам

Кога првпат те погледнав, знаев дека сакам да поминеме цел живот заедно. Далечината нема да ги промени моите чувства зашто засекогаш ќе те љубам. Ти ветувам; еден ден ќе бидеме заедно-тогаш што ќе ни стои на патот? Дотогаш, времето за мене ќе запре, се до нашата повторна средба. Јас ќе те чекам. Ќе чекам зашто еднаш ти ја допре оваа душа. Зашто ми покажа како се сака. Ти беше тој што ги разбуди заспаните желби на моето срце. Покрај тебе сакам да го видам светот. Или тој да ме види покрај тебе. На сите да им кажам дека си мој, дека си оној кого го љуби мојата душа. Само на тебе ти припаѓам.

No comments:

Post a Comment