Saturday, June 21, 2014

Вистината за другарството

Другарки? Тоа е само еден обичен збор кој многу од нас го употребуваат и мислат дека ако имаат повеќе “другари“ дека постигнале нешто во животот. Но тоа  воопшто не е важно. Важно е да имаш барем една другарка која знаеш дека никогаш нема да те излаже, изневери или заборави до крајот на животот. Ако посакаш да имаш многу “другарки“, на крајот само ќе се пазочараш од постапките на истите. Секогаш барај ја онаа вистинската личност која без разлика на се ќе те разбере, сослуша и ќе ти помогне и во добро и во зло. Барај ја онаа вистинската која ќе ти помага во остварувањето на зацртаните цели во животот. Другарката треба да е до тебе кога ти е тешко, кога те е смачено од се, кога сакаш нешто да споделиш со некого, а притоа не сакаш за тоа да дознаат сите. Другарката секогаш треба да биде искрена со тебе и да знае да чува тајни. Треба да знае да те почитува и сака онаква каква што си. Но да не се заборава само едно дека: ако знае да те прави среќна и да чува тајни, не е важно која вероисповед, раса, боја... е сепак треба да се цени и почитува како другарка. Без разлика на изгледот или карактерот таа ако знае да се однесува онака како што треба, таа ќе биде твоја верна другарка. Оние другарки кои се однесуваат кон тебе како да си последниот човек во нивниот живот и нивни најголем непријател, тие не се твои другарки. Тие гледаат само да те искористат на најдобар начин и да те фрлат како корпа полна со отпадоци. Тие ќе глумат дека им значиш и дека те сакаат, но тие ти го посакуваат само најлошото и ве озборуваат зад грб. Искреността и довербата се најзначајни нешта како и во животот така и во другарството. Биди секогаш тука за оној на кој му значиш и знаеш дека ти го посакува само најдоброто.




No comments:

Post a Comment